„Ивент индустријата има пад во заработувачката од околу 62 проценти. Владата не сака да одговори на нашите дописи. Предвиден е некако конкурс на кој што можеме да аплицираме за државни настани. 30-годишнината од независноста ќе се организираше секако, но тоа не може да биде некаква помош. Излегуваме на улица и не знаеме до кога ќе останеме“, изјави Маја Бабиќ, од Асоцијацијата на Ивент индустријата.
Според неа, во оваа организација влегуваат организаторите на настани, рентал компаниите, спортски настани, семинари, митинзи, луѓе што изнајмуваат опрема и др.
„Ние 14 месеци не работиме. Бараме грантови, има за сите, но нема за нас. Спореед Централниот регистар, ниедна компанија не е затворена и ниту еден вработен не е затворен“, вели Бабиќ, додавајќи дека околу 10.000 лица се вработени и директно поврзани со оваа индустрија.