„Ивент индустријата“ ги става протестите во мирување, во сабота на средба со Битиќи во Владата

Денес по три дена протестирање на „Ивент Индустријата“, се огласи и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи кој ги повика организаторите да се сретнат и разговараат за решение.

Како што информираа организаторите, Битиќи им закажал средба в сабота во Владата со почеток во 10:00 часот.

Оттаму, како што велат, протестите ќе бидат ставени во мирување, а ќе продолжат доколку не се најде соодветно решение на утрешниот состанок.

Инаку, претставниците на овој сектор велат дека се свесни за економската состојба во земјава, но потенцираат и дека се тие најзагрозени во моментов како последица од Ковид кризата, и бараат поголема помош и поддршка од Владата.

 

Слични содржини