Работниците денес излегоа на протест во Скопје и под слоганот „За плати се бориме и не се молиме“, ги повторија своите барања за зголемување на минималната плата, почитување на колективните договори и обезбедување соодветна заштита на работниците на работните места. Првомајскиот протест почна пред Работничкиот дом во Скопје каде е сместен Сојузот на синдикати на Македонија, по што работниците се упатија пред Собранието, каде им се обрати Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образованието и наука. Тој рече дека додека има работници и синдикати ќе живее и Први мај, како дена на борбата на работниците за нивните права.
-Како незвисен синдикат за образование и наука стоиме цврсто на нашите барања, а тоа е почитување на колективните договори, почитување на пресметката за плата согласно коефициентот помножен со минимална плата. Бараме во најбрз можен рок да почне почитување на колективните договори и достоинствено вреднување на трудот на вработените во секторот образование. Бараме вреднување на трудот на вработените во детска заштита,. Не се откажуваме од овие барања не затоа што нас така ни текна туку затоа што така е предвидено во колективните договори. Нема откажување од оваа борба продолжуваме и охрабруваме и останатите колеги да се приклучат во ова што го почнавме, изјави Гиевски.
Потоа протестот продолжи пред Стопанската комора на Македонија каде Иван Пешевски. Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија Иван Пешевски рече дека власта и газдите се обидуваат да им ја украдат иднината на младите и да им ги украдат платите преку поништување на колетивните договори.
-Срам и арам да им е за секој еден денар што го имаат земено од нас работниците. Слободно нека уживаат и во оваа зграда и во онаа следната во која ќе одиме но нека не забораваат дека се направени од работничка пот и мака. Цели семејстваси заминаа а они не убедуваат дека тие истите ќе се враќаат. Срам и арам за секоја една лага и од газдите и од претставниците на власт за сите овие 35 години држава, денес славиме 80 години постоење на ССМ нема да дозволиме да ни го земат она што пред нас го градел или тоа ние со нашата генерација што планираме да го градиме, изјави Пешевски.
Тој во својот говор пред Стопанската комора рече дека нем и е потребна држава која ќе остане без една или друга генерација на луѓе, кои заминуваат од државата и не се враќаат.
-Ако не им е добро нека си одат они. А ние гградежниците, шумарите, полицајците, војниците, културните работници, трговците и сите овие што се поздаи ССМ стојат во нашата коелктивна борба. Не знам со што им бодеме очи со тие колективни дговори кога на истите и они се потписници. Не знам зошто сакаат македонскиот народ да биде најсиромашен во Европа и во светот. Дали треба и годинава да дозволиме статистика од 31 работник кој не се врати дома во семејството., изјави Пешевски и додаде дека сакаат да стават крај на сите лоши политики.
Тој порача дека денес сакаат да им кажат и на газдите и на властта дека работникот е темелот на државата и столбот на економијата.
-Затоа и од мене едно огромно благодарам на оние синдикати кои не се синдикати и не не поддржуваат во оваа борба. Слободно нека си ги слушаат нивните шефови, газди, министри, премиери. Нека си седат и нека си свиркаат. Но ние од оваа страна ќе ги исфиркаме, изјави Пешевски.
На протестот пред Владата претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, рече дека денес не се тука да ик кажат на министрите и премиерот тоа што оние сакаат да го чујат, дека е добро да нема зголемени плати и колективни договори и дека е добро што е зголемен работниот ден од осум на 12 часа, и дека вво МАкедонија добро се живее. Тој рече дека не се пред Владата да им кажат дека е добро што преку Уставниот суд сакаат да укинат колективен договор и дека се плаќа прекувремена работа и дека е добро што нема социјален дијалог.
-За жал сликата во Македонија не е таква. Тие се обидоа да не поколебаат, да не откажат од работничката борбаи на таков начин да покжат дека добро се живее во Македонија. Сакаат сликата за Македонија да бидат еден процент од народот кој може да си дозволи да замине во странство на продолжен викенд и на таков начин да кажат дека сите се адоволн. Но за жал не е така. Денес дјдовме да им кажеме дека според нивните податоци и според податоците од УЈП пола народ работнички живее со плата помала од 600 евра. Денес дојдовме да им кажеме дека една третина од вкупниот работнички народ во Македонија живее под прагот на сиромаштијата, изјави Трендафилов.
Тој рче дека денес се пред Владата да им каат дека тоа што го прават не е доволно, но дека за жал нема кој да ги чуе бидејќи половината од министрите се на продолжен викенд, а останатите глумат дека работат.
. Дојдовме да им кажеме дека додека ги потпишуваа колективните договори под притисок на синдикатите а благодарение на протестите и штрајковите, денес водат борба за укинување на еден колективен договор кој ќе значи за една категорија на работници минималец, а ќе значи за сите работници во следниот период исто така минималец, изјави Трендафилов.
Тој ја критикуваше вчерашната изјава од власта дека минималната плата ќе биде петстотини евра до крајот на мандаотот на оваа Влада.
-Ние бараме минималната плата да се зголеми две години, две години одбиваат да се зголеми оти не сакаат да вратат работничко достоинство. За жал голем број работници гинат на своите работни места а навешер не се враѓаат и никој не презема ништо за нивна заштита. Први мај живее колку и да сакате да го умрете. Работничкото движење ќе живее колку и да сакате да го умрете. ССМ ќе живее колку и да скате да го умрете. 80 години сме поминале комунисти, социјалисти демократи и денес десничари, но клучно е што работниците во 1946 година се собрале и го основале најголемиот синдикат во државата кој бие битки со сите досегашни влади и ќе продолжи да го прави тоа, изјави Трендафилов.
Тој рече дека денес од министрите ќе слушнат пофалби за работниците и дека ги штитат, но дека само годинава се организирани пет протести и три пати се блокирани ови институции токму од работниците
-Нема да се откажеме, затоа што другите синдикати кои денес требаше да бидат овде со нас направија се за да не излезат нивните членови, но нивните членови исто така имаат минимални, мизерни ниски плати. На 4 мај во понеделник сите ќе ги удри ссурвата реалност, а тоа е повторно најниска минимална плата во Европа, повторно најниска просечна плата, повторно обид за уништување на колективните договори. Повторно обид за уништување на синдикатите кои се борат а не се молат. Слоганот годинава е За плата се бориме и не се молим и ќе продолжиме да се бориме а не да се молиме, изјави Трендафилов.
Е.Б.