Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, беше одбележан во Словенија со пораки од политичките лидери за заштита на работничките права, иако нивните пораки истакнуваа различни приоритети што ги одразуваат нивните политички ориентации, пренесува СТА.
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави дека работата е основа на општеството, просперитетот и иднината, нагласувајќи дека технолошкиот развој, вклучително и дигитализацијата и вештачката интелигенција, мора да останат фокусирани на луѓето и нивното достоинство.
Премиерот во заминување Роберт Голоб оцени дека работничките права не се загарантирани и дека тие мора да се зачуваат и да се прилагодат на промените на пазарот на трудот, и нагласи дека безбедноста и стабилноста зависат од довербата, соработката и социјалната кохезија.