Ивент индустријата го „крена во воздух“ центарот на градот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
475 прегледи

Компаниите од индустријата за организација денеска одржаа протест пред Владата.

Со десетина возила и со силно озвучување, тие буквално го „кренаа во воздух“ целиот Центар на градот. Блокадата трае веќе неколку часа.

– Имаат ли малку чуство за граѓаните од околните згради со музикава. Може има болни, стари лица, мали деца, коментираат граѓани.

Организаторите на протестот, пак, велат дека ивент индустријата е пред колапс.

„Ние 14 месеци не работиме. Бараме грантови, има за сите, но нема за нас. Спореед Централниот регистар, ниедна компанија не е затворена и ниту еден вработен не е затворен“, вели Бабиќ, додавајќи дека околу 10.000 лица се вработени и директно поврзани со оваа индустрија.

Слични содржини