Ивона Талевска, преку нејзината фирма „Визарис“ го тужи Министерството за здравство и побарува над еден милион евра штета, затоа што екс министерот Никола Тодоров во 2014 година го раскина договорот за набавка на опрема, кога се откри кој стои зад фирмата, пишува Сведок.

Тужбата била поднесена во јануари оваа година, пред крајниот рок за застареност на случајот, а досега судот направил два обиди за почеток на истото, но тоа е одложено поради недоаѓање на адвокатката која ја застапува „Визарис“.
Со тужбата се опфатени Министерството за здравство и четири болници кои биле корисници на опремата, поранешната градска болница од Скопје, Институтот за радиологија, Болницата во Битола и Костозглобната од Охрид.

Првотужен е министерството, а потоа следуваат болниците. За Министерството „адвокат“ е државен правобранител, а болниците ги застапуваат адвокати ангажирани од нив.
-Ова е несериозно. Не може два пату тужителот да бара одлагање и да не се појавува на судење, а знаеме дека има голем број вработени во адвокатската канцеларија Бегова. Затоа, без оглед на исходот на спорот барам трошоците да паднат на нивен товар – се изјасни на денешното судење адвокатката Марта Поповска која ја застапува поранешната Градска болница.
Во делот на барање трошоци се приклучи и адвокатот Владимир Станинов, кој ја застапува Клиниката за радиологија.
Судот, на денешното судење соопшти дека на барање на Државното правобранителство на Македонија изготвено е вештачење од Бирото за судски вештачења кое треба да покаже дали има штета од раскинувањето на Договорот помеѓу Министерството за здравство и Визарис.
Државниот правобранител не се појави на денешното судење бидејќи овие денови бил на службен пат во странство.
По сумите од вештачењето тужените треба да се изјаснат на продолжението на судскиот процес, по летната ферија.
Под притисок на јавноста екс министерот за здравство Никола Тодоров во јануари 2014 година одлучи да го раскине договорт за набавка на апарти за клиничкиот центар од фирмата „Визарис“ со која се поврзуваше името на уредничката во Сител и Вечер, Ивона Талевска.
-Договорот го поништивме поради нарушување на начелото на совесност и чесност, рече Тодоров во одговорт на прашањето на тогашниот пратеник од СДСМ. Оливер Спасовски. Спасовски праша дали тогашниот премиер Никола Груевски ја дал наредбата фирмата да го добие тендерот и дали минатата година заради исплатата на милион евра на, како што рече, неговата омилена уредничка Ивона Талевска морале да бидат исфрлени новинарите и пратениците од собранието за да биде изгласан буџетот.
„Секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа којашто е спротивна на нашите морални или етички вредности, ние преземаме мерки – тоа е мерката која ја презедовме, го раскинавме договорот. На Визарис не им бил исплатен ниту еден денар“, рече тогаш Тодоров.
…
Текстот во целост прочитајте го на „Сведок“ тука.