ИВЗ на страната на МПЦ против законите, но нема да присуствува на протестот

од Nikola Popovski
353 прегледи

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“.

ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани.

– Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.

Нивната поддршка ќе биде само морална, со оглед на тоа од ИВЗ најавуваат дека нема физички да бидат присутни на протестот пред Соборниот храм.

Со оглед на тоа што МПЦ-ОА беше призната како канонска со одлука на Вселенската патријаршија во мај 2022 година, ова ќе биде прв протест на кој повикува во нејзината историја воопшто. Повикот беше проследен со силна кампања на социјалните мрежи, во која граѓаните кои според повеќето истражувања имаат високо ниво на доверба во верските заедници.

Слични содржини