ИВЗ: За нашите разговори со Ангелов се информира пристрасно и злонамерно

Не се и не можат да бидат тема на разговор, националните и историските вредности, како оние на ОВК, а обидот дел од средбата да се стави надвор од контекст е пристрасно и злонамерно, посочија од Исламската верска заедница.

Имено, тие посочија дека таквиот став го потврдуваат по гостувањето на Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во синоќешните вести на ТВ Сител, како и неговата објава на фејсбук профилот.

Инаку како што информираат, на средбата се разговараше за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на ковид-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари…

„Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е македонското, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.

Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да ги уништуваат судбините на невините индивидуи и на демократското општество како целина. Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција овие права да се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации.

Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ.

Слични содржини