Синоќа во еден часот по полноќ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија.
За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“.
Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.