Србија беше елиминирана од Мундијалот по поразот од Швајцарија во последното коло од групата Г, а натпреварот го одбележа голема тензија и на трибините и на теренот.
Додека играчите во неколку наврати се судрија поради провокациите на Гранит Џака и Ѓердан Шаќири, на трибините беше уште пожешко.
Навивачите на Швајцарија, многумина со обележја од Албанија и Косово, често ги провоцираа српските навивачи, па дојде до конфликти кои обезбедувањето ги решаваше со исфрлање на провокаторите од трибината.
Сепак, еден од конфликтите се случи уште пред самиот натпревар.
Неколку навивачи со албанско потекло дојдоа на стадионот со знамето на Косово, што изнервира неколку српски навивачи кои влегоа во вербална расправија, која за малку ќе прераснеше во физичка пресметка од поголеми размери, а беа поделени и неколку шамари.
Навивачите со косовски обележја ги навредуваа српските навивачи со „четници“ и се смееја, додека српските навивачи упатија лавина пцовки, но обезбедувањето реагираше навреме