Фудбалерите на Црвена ѕвезда синоќа ја славеа новата титула прваци на Србија. Илјадници навивачи на Ѕвезда излегоа да слават на улиците на Белград, а најголема еуфорија настана кога играчите се појавија во отворен автобус.

Фото: Душан Миленковиќ/РАС Србија
Одлична атмосфера владееше на улиците на главниот град на Србија, а навивачите цело време држеа запалени бакли. Прославата требаше да продолжи кон храмот на Свети Сава, кога фудбалерите молскавично го евакуираа автобусот што се запали.
Три противпожарни возила го гаснеа пожарот, а играчите и стручниот штаб беа навреме евакуирани и неповредени.
Причината за пожарот не е позната, но се претпоставува дека пожарот избувнал од запалените бакли.