Ако некоја боја за коса убаво ѝ стои на вашата пријателка, тоа не значи дека ќе ви одговара и вас. Всушност, можете да направите огромна грешка и да одберете боја или нијанса која воопшто не ви стои.
За да не направите таква катастрофа, треба да го одредите подтонот на тенот. Тој дури е и поважен од бојата на очите. Најпрво, облечете чисто бела маица и погледнете се во огледало, но многу е важно тоа да го направите на денска светлина.
Друг начин да го одредите тонот на тенот е да го погледнете својот зглоб. Ако вените се зеленкасти, значи имате топол тон на тенот, а ако повеќе се сини, значи имате ладен тон. Ако не можете точно да одредите, значи вашиот тен има неутрален тон.
Слично можете да одредите и со накит. Ако подобро ви стои златен, тогаш имате топла нијанса на тенот, а ако подобро ви стои сребрен, значи имате ладен тен. Ако ви стојат добро и двата, вашиот тен е неутрален.
Бојата на очите може, но и не мора да се поклопува со тонот на тенот. Може да имате топол тен и изразено сини очи или пак, медено кафеави очи, а ладен тен.
Генерално, кога бирате боја за коса треба да ги следите овие правила:
– За топол тен и топла боја на очи, изберете неутрална до топла нијанса на боја за коса
– Кога тенот е ладен, а и бојата на очите, изберете ладна нијанса и за косата
– Ако имате комбинација ладен тен и топли очи или обратно, одлучете се за неутрални нијанси
– Доколку имате неодредена боја на очи или шарени ириси, избегнувајте шатирање, омбре, балајаж или слични техники и користете една боја за косата
Покрај на нијансата, треба да одберете и финиш или отсјај на бојата за коса. На пример, црната може да има природен црн или тегет отсјај, русата може да има топла жолта или ледено бела или сива, црвените пак, имаат многу поднијанси (махагони, тутун, бакар, пурпур)… И за отсјајот важат горенаведените правила.
Она што никогаш не можете да го погрешите се кафеавите нијанси, кои ги избирате според дадените упатства. Доколку сакате промена, а не сакате многу да ризикувате или не сте сигурни, кафеавите нијанси се секогаш непогрешлив избор.