Изборете се со несоницата со помош на овие ароми

од Elena Daskalova
370 прегледи

Искористете ја природата за да можете полесно да заспиете ноќе. Таа нуди билки со смирувачки својства, дури и доволна е само аромата за да можете подобро да спиете.

Ако имате проблеми со спиењето, пред да земете лекови за да ви помогнат, обидете се да си помогнете на природен начин.

Еве на кој начин може да го направите тоа:

Јасмин

Само една капка есенцијално масло од јасмин нанесена на рачниот зглоб, вратот или слепоочницата, ќе ви помогне оваа ноќ добро да се наспиете. Јасминот има посмирувачки својства дури и од лавандата.

Лимон

Подгответе си топла бања за стапалата. Во леѓенот со топла вода додадете две лажички морска сол, две капки масло од лаванда и три капки масло од лимон. Држете ги стапалата околу 20 минути и потоа легнете си.

Маточина

Маточината има сладок и пријатен мирис, благодарение на кој ќе ги смирите нервите и сигурно ќе можете подобро да спиете. Добро е секоја вечер пред спиење да испиете една шолја чај од маточина.

Камилица

Камилицата е позната по своите смирувачки и приспивни дејства, па нема да згрешите ако испиете шолја чај од камилица пред спиење.

Млеко со мед

Ако не сакате да го пиете, доволно е да имате барем лосион за тело со оваа мирисна комбинација, за да ви помогне вечерва подобро да заспиете.

Слични содржини