Избори во Бугарија, проруските партии веројатно ќе ја зголемат својата застапеност во Парламентот

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Парламентарните избори во Бугарија, петти во последните две години, треба да стават крај на политичката нестабилност и да помогнат во надминување на економските проблеми.

Избирачките места се отворени во 7:00 часот по локално време.

Првите прогнози за резултатите ќе бидат по затворањето на гласачките места во 20 часот, додека прелиминарните резултати се очекуваат утре наутро.

Одѕивот се очекува да биде низок поради апатијата на гласачите и разочараноста од политичарите.

Деновите пред изборите на адресите на училиштата каде граѓаните денеска ќе гласаат беа испратени закани со бомби.

Експертите за сајбер безбедност ги припишуваат заканите на хакерски групи вклучени во хибридни напади најверојатно поврзани со Русија. Целта беше да се сее страв и да се намали излезноста на гласачите на изборите.

Според АП, многу Бугари традиционално негуваат проруски чувства, што е плодна почва за агресивната пропаганда на Кремљ во најсиромашната земја-членка на Европската унија.

Според анкетите, до седум групи би можеле да го поминат прагот од четири проценти за да влезат во парламентот каде што популистичките и проруските партии веројатно ќе ја зголемат својата застапеност и ќе промовираат радикални и анти-ЕУ политики.

Десничарската партија на поранешниот премиер Бојко Борисов, Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) има околу 26 отсто поддршка, исто колку и нејзиниот главен ривал, либералната партија на Кирил Петков Продолжуваме со промените, која неодамна коалицира со десничарската Демократска партија на Бугарија.

Партијата на Кирил Петков, која го обвинува Борисов за коруптивна политика, ќе отфрли каков било коалициски договор со партијата ГЕРБ доколку Борисов остане на чело и предложи малцинска влада со поддршка на ГЕРБ, која ја отфрла идејата.

Сепак, двете страни се обидуваат да ја ублажат агресивната реторика и да најдат алтернатива на политиката на последователни преодни влади на Румен Радев во последните неколку години, кои ја свртеа земјата кон исток, наведува АП.

Слични содржини