Избори во Бугарија: Наместо во кутија, жена го изела гласачкото ливче

од Nikola Popovski
515 прегледи

Бизарен настан се случил на денот на изборите во Бугарија. Имено, жена го џвакала и голтнала гласачкото ливче со нејзиниот глас, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

„Жената дојде во 9 часот да гласа. Очигледно, сепак, не беше задоволна од својот избор. Сакаше да и дадам нова картичка за гласање. И објаснив дека нема начин. Ја зема личната карта и побегна. Ја бркавме до главниот влез на училиштето. Потоа жената го изеде гласачкото ливче“, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.