Избори во САД: Аризона и Невада би можеле да го одлучат победникот во трката за Сенатот

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Очите на американската јавност во наредните денови ќе бидат насочени кон Аризона и Невада, каде непреброените гласови можат да одговорат на прашањето кој ќе ја преземе контролата врз американскиот Сенат.

За да се постигне мнозинство, и демократите и републиканците мора да победат во двете држави, пренесува „Ројтерс“.

Доколку дојде до поделба на мандатот, одлуката ќе биде донесена со исходот од вториот круг од изборите во Грузија, закажан за 6 декември.

Републиканците се поблиску до преземање на контролата врз Претставничкиот дом бидејќи досега обезбедија најмалку 211 од 218 места што им се потребни за мнозинство, додека демократите освоија 197.

Официјални лица во двете држави рекоа дека пребројувањето на гласовите може да потрае, така што исходот од трката за Сенатот не се очекува да биде познат неколку дена.

Слични содржини