Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г. Али Ахмети денес се сретна со Генералниот секретар на ОБСЕ, г. Ламберто Заниер.
unnamed (1)
Соговорниците резговараа околу политичката ситуација во Македонија, изборите следната година, анализа на Охридскиот Договор и евро-атлантска перспектива на Македонија.
Лидерот Ахмети го запозна г. Заниер околу ставовите на ДУИ во врска со актуелната ситуација и спроведувањето на договорот за решавање на кризата која нема алтернатива.
Обврските на партиите треба да се спроведат и на земјата да и се врати евро-атланската агенда, решавањето на спорот со името и затворање спорови со соседите.
Претседателот Ахмети и се заблагодари на ОБСЕ за нејзиниот придонес во текот на годините особено за Спроведувањето на Охрискиот Договор, вклучувајќи и анализа на овој мировен документ која произлегува како обврска од извештајот за напредок на Европската Комисија, акционен план и одлуката на Владата и високиот дијалог на пристапување во ЕУ.
Истотака Лидерот Ахмети го охрабри вклучувањето на ОБСЕ во следење на работата на Специјалниот Обвинител, но и следење на чувствителните судски случаи на меѓуетничките односи.

Слични содржини