(ВИДЕО) Изборна КАМПАЊА 2016: Што порачаа лидерите денеска?

од desk3
88 прегледи

„Гласот ми бил фатен, па две години викам дека се криминалци и бандити.Ајде да го отворам срцето овде во Кичево, иако имаме ливче со говор во џебот. Ќе ви кажам една тајна која сите ја знаете – режимот ќе падне на 11 декември, ќе победиме. Со „бомбите“ мавав директно во чело кон криминалците на власт”, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашниот митинг во Кичево.

(делот од говорот на Заев започнува на 45-та минута)

– Квазипатриотот Груевски шири национализам, десет години е премиер, а повторно се обидува да го подели народот. Зборува за чувствителни теми кои мора да ги затвориме во 21 век. Светот се бори за економија, за среќен народ. Има ли иднина со делби и со поделби. Пријатели, мораме здружени, немаме друго освен оваа парче земја, која сите и Власи, и Тури, и Албанци, и Роми ја платија со крв. Во 21 век повторно зборуваме за слобода, затоа што имаме корупирани политичари. А, тави, само со национализам може да живеат. Треба да знаат, двојазичност и федерализација не одат заедно. Од лажење се изгубија – рече Заев.

Тој рече дека треба да се бориме за среќа на младите, да се радуваме на животот.

– Само луѓе кои нема што да понудат шират национализам .Вистинските патриоти се борат за да го направат среќен својот народ. Знаете ли дека Груевски од синоќа бил прекупиран со тоа, како ќе сме ги враќале парите во Македонија, се прашува како ќе враќаме 15 отсто од ДД. Прашува, зошто тоа не сум го правел како градоначалник во Струмица. Па, економисту Груевски, Владата, а не општините враќаат ДДВ. Нека замине сега во опозиција и нека види како се враќа 15 отсто од ДДВ. Не може Македонија да оди напред со сиромашен народ. Крпен живот живееме – рече Заев.

Гласот ми бил фатен, па две години викам: „Бандити и криминалци“, рече Заев пред насобраните кичевци.

Тој рече дека иднината со „Осломеј“ е убава, но дека некој мора да работи за да има јаглен уште многу децении.

gruevski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Неготино порача дека на 11 декември народот ќе избере политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија.

Тој го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата.

Груевски вети повеќе проекти од областа на образованието, здравството, земјоделството, меѓу кои и изградба на агро-пазар кој ќе чини 20 милиони евра, а се осврна и на новиот проект за рурални развојни зони, со кој речиси сите села ќе станат слободни економски зони.

– Со новата програма, предвидуваме и почеток на изградба на три нови автопати Гостивар – Кичево,Скопје – Блаце и Требениште – Струга. Се планира изградба и на шест експресни патишта со четири ленти, предвидуваме изградба и реконструкција на повеќе од 60 регионални патишта во вкупна вредност од повеќе од 40 милиони евра и локални патишта во вредност од 30 милиони евра – истакна Груевски.

15139536_10211617230254900_1385737467_n

 

Коалицијата за промени и правда одржа митинг и средби со граѓани и отвори нов штаб во Скопје. Павле Трајанов, носител на листата за пратеници во изборната единица во Скопје, разговараше со граѓаните, при што граѓаните искажаа бројни идеи, сугестии за излез од кризата, но и на проблемите карактеристични за Скопјани.

Сообраќајниот метеж, загаденоста на воздухот, невработеноста и иселувањето на младите во странство, како и загрозеноста на имотот се дел од укажуваната на граѓаните.
Пред граѓаните, но и на прес конференцијата, Павле Трајанов, нагласи дека за излез од кризата се неопходни промени, кои подразбираат промена на власта и одговорност за креаторите на кризата, газењето на правата на граѓаните и грабежот што го направи корумпираната и авторитарна власт.15207852_10211617232814964_1756514735_n
“Еднакви услови за бизнис на домашни и странски компании, поддршка на компании кои градат фабрики и најниска плата од 300 евра”, рече Трајанов.
15207974_950838421726790_1221484243_n
За отворање на бизнис од страна на младите предвидуваме 2% од Буџетот и 800 милиони евра за развој.
Објавуваме “војна против криминалот” со што ќе се спречи грабежот и ќе има пари за инвестиции и развој. Повеќе пари за образование, здравствена заштита, но и за гасификација, изградба на надвозници и подвозници во Скопје и сл.
Јове Кекеновски, носител на листата за пратеници од втората изборна единица, посочи дека е за промени и за изградба на држава каде граѓаните ќе имаат еднакви шанси и законите ќе важат подеднакво за сите.
15218719_950838358393463_280993138_n
Емил Анастасов, кандидат за пратеник, се заложи за промени и владеење на правото, за да се промени реалноста: колачот да го делат сите, а не да имаме 98% сиромашни и 2% богаташи и олигарси.

 

Носителот на изборната листа  во Изборната единица 3 од коалицијата ВМРО за Македонија Стојанче Ангелов, вчера имаше средби со граѓани во Кочани при што ја презентираше изборната полатформа за престојните парламентарни избори.

– Нашата коалиција се залага за  влез на Македонија во ЕУ и Нато, нешто што беше закочено од страна на сегашната власт. Ние знаеме како тоа да го направиме. Основна работа е веднаш по завршувањето на изборите да се организира попис, да се преброиме колку од нас останаа во Македонија, бидејки се зборува за 400 илјади македонски граѓани кои ја напуштија земјата по потрага по подобар живот и егзистенција, истакна Ангелов.

Откако ќе се направи попис, додаде тој, ќе се знае колку се Македонци и колку етнички групи. Притоа да се развие дијалог кој Македонија ќе ја однесе во нов стадиум во кој ние ќе бидеме граѓанска држава во кој сите граѓани ќе бидат еднакви.
Како Коалиција ВМРО за Македонија, истакна Ангелов, силно се спротивставуваме  на двојазичноста на теритопријата на цела Македонија и за рекомпонирање на државата. Ангелов зборуваше и за укинување на етничките квоти во образованието и вработувањето во државната администрација.
Носителот на листа од коалицијата ВМРО за Македонија Стојанче Ангелов,  престојуваше и мегу граѓаните на Виница.

menduh-tachi-1

 

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, од предизборниот митинг кој неговата партија го одржа во Челопек, општина Брвеница, рече дека ДПА постојано инсистира на решавање на етничкото прашање во земјава, сè со цел да ја зачува нејзината стабилност и безбедност.

– Некои велат дека нашата платформа не е модерна, дека го третира етничкото прашање. Па, само да потсетам, во Босна и Херцеговина поради нерешеното етничко прашање се случија големи војни. Затоа сакаме да дејствуваме превентивно и да го решиме етничкото прашање, кое може да се реши само со реализирање на платформата на ДПА – истакна Тачи.

Пред симпатизертие на ДПА, тој порача дека Албанците во Македонија треба да имаат колективен пристап кон остварувањето на нивните права, а не да се пребројуваат дали се 20, 30 или 40 проценти во државата.

– Ваков колективен пристап кон остварување на правата, имаат Хрватите во Босна, Фламанците во Белгија, Италијанците во Швајцарија. Дел од овие националности не се ниту 20 проценти во државата, а ги имаат сите права. Дел од нашата платформа е да имаме заменик-премиер Албанец, а во Собранието да се одлучува консензуално. Ако ова не се спроведе, Албанците ќе бидат на исто рамниште како Бошњаците, Србите, Ромите и другите етнички заедници во Македонија – додаде Тачи.

Лидерот на ДПА, изјави дека неговите политички противници од ДУИ, од политичката кампања направиле циркус и давале лажни ветувања дека ќе го официјализираат албанскиот јазик.

 

Слични содржини