Избрани групите за Европското 2024: Македонските ракометари ќе се соочат со екипите на Франција и Германија

од desk4

Македонската рептезентација, на денешната ждрепка која се одржа во Меркур-Шпил Арена во Дизелдорф се падна во група со два ракометни гиганти. Нашата група е составена од Франција, Германија и Швајцарија.

Сите три натпревари од групната фаза македонските ракометари ќе ги играат во Берлин.

На ЕУРО2024 ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.

Двете најдобро пласирани репрезентации во секоја група ќе се пласираат во вториот круг кој ќе се игра во Хамбург и Келн.

ЕУРО2024 ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 идната година во шест германски градови.

Состав на групите:

Група А – Франција, Германија, Македонија, Швајцарија

Група Б – Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија

Група Ц – Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора

Група Д – Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови

Група Е – Шведска, Холандија, БиХ, Грузија

Група Ф – Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Слични содржини