Избрани по тројца нови судии во Кривичниот и Граѓанскиот суд

од Nikola Popovski

Судскиот совет на денешната 455 седница избра по тројца нови судии во Основниот граѓански суд Скопје и во Основен кривичен суд Скопје. Лиљана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митреска се новите судии во Основниот суд – Скопје 1, додека, пак, Ирена Митреска, Влатко Сековски и Сања Томиќ Велковски се избрани за судии во Основниот суд – Скопје 2.

Станува збор за завршени кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители кои не беа избрани во првиот избор и се кандидати во вториот распишан оглас.

Избрани се со 11 гласови „за“ и без ниту еден „против“. Додадени се плус по 4 гласови од членовите кои се припадници на немнозинските заедници.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиевски, по изборот им честита на новоизбраните судии, посочувајќи дека од нив како нова млада генерација се очекува многу и да покажат резултати.

На 455. седница на Судскиот совет, се повеќе точки, меѓу кои и одлука за престанок на функцијата судија поротник и разгледување на анализа на потребни судиски места во Врховен суд на РСМ, Виш управен суд и четирите апелациони судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип.

Слични содржини