1,2K
Од запалена кујна во една од кулите „Џевахир“, се проширил пожар, по што интервенирала противпожарна екипа од Скопската бригада, информираат од полицијата.
-На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците.
Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место, велат од МВР.
Осум пожарникари интервенирале при пожарот.
-БППЗ на Град Скопје известуваат дека во период од 16.35 до 17.20 часот, гаселе запалена кујна во стан број 161 во комплекс Џеваир блок Б. Интервенцијата ја извршиле со 3 возила и 8 пожарникари. Материјалната штета е неутврдена, соопштија од ЦУК.