Изгасен пожарот кај Кокино, но има нови жаришта во месноста „Кокински дол“

од Nikola Popovski
246 прегледи

Пожарот кај Кокино е ставен под контрола, но противпожарните служби од Старо Нагоричане утрово информираат дека нивни екипи се упатуваат кон непрооден пат на уште три жаришта во месноста „Кокински Дол“ каде не може да се интервенира со возила, ниту пак има пристап со лесни возила.

Од Куманово ЦУК известува дека пожарот што се простира на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино сѐ уште е активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникари од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и од Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРМ. На теренот има ветер со променлив правец и пожарот се шири.

– Во моментот наши екипи и припадници на Армијата се упатуваат кон овие три жаришта. Цела ноќ, екипите беа на терен. Делумно е локализиран пожарот, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Во кумановско, целосно е изгаснат пожарот во Мургаш и Пезово, екипите села ноќ го гаселе пожарот кој е видлив од источната страна на Куманово. Во моментов има пожар од другата страна на ридот кој е префрлен во атар на село Бељаковце каде што гори нискостеблеста дабова шума, пративме екипа и на тој реон, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов информира дека во текот на денешниот ден, 2 противпожарникарски екипи беа на испомош во Старо Нагоричане.

Слични содржини