Изгасени пет пожари, активна само огнената стихија кај Раштански лозја

од Nikola Popovski

Во моментов има само еден активен пожар на територијата на Македонија и тоа во месноста Раштански лозја. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во тој предел од 18:05 часот интервенирано е на пожар на сува трева и лозје.

-Во гаснењето на пожарот интервенирано е со 3 ПП возила и 10 пожарникари. Пожарот е активен, појаснуваат од ЦУК.

Изгасени се пет пожари кои се појавиле во текот на денот.

-1. РЦУК – Тетово Од 08:00 до 11:15 часот во атарот на селото Беловиште кон Куново интервенирале на гаснење на запалена депонија со 1 ПП возило и 2 пожарникари и од национални шуми Шар со 4 вработени.

2. РЦУК – Куманово од 14:10 до 16:00 часот интервенирале во ул. Бајрам Шабани на запалена стрениште во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

3. РЦУК – Битола од 09:41 до 11:25 часот интервенирале на пожар на запалено стрениште кај стариот млин, патот Битола- Прилеп интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари.

4. РЦУК – Битола од 14:00 до 15:20 часот интервенирале на пожар на сува трева во с.Горно Агларци општина Новаци во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникари Оштетена е една дрвена бандера информирано ни се и ЕВН.

5. РЦУК – Велес од 14:00 до 18:15 часот интервенирале на подрачјето на Општина Градско, помеѓу с. Ногаевци и патарина на пожар на отворен простор на запалено трева, ниска вегетација, шавар, багрем и јасика во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Велес со 5 пожарникари и 1 ПП возило изгорена повершина од 2 Ха, информираат од ЦУК.

Слични содржини