Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во стан на ул. „Даме Груев“ бр. 3 во близина на македонското Собрание.

Според инфорамциите од пожарникарите, оштетени се становите 2 и 3.
Неофицијално, според изјавите на станарите, пожарот е подметнат од нивен сосед кој живее во зградата. Тие тврдат дека сам го запалил својот стан и, како што велат, и претходно го пријавувале и имале проблеми со неговото однесување.