210
Во Државното средно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувнал пожар, кој како што информираа од скопската Противпожарна бригада, бил успешно локализиран и не предизвикал поголеми штети.
Наведуваат дека дошло до зачадување во просторот.
-На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем и брзо беше изгаснат, изјави командирот на Противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески.
Причината за предизвиканиот пожар ќе биде дополнително утврдена.