Изгаснат е пожарот што избувна ноќеска во магацинот на МЖ – Транспорт во Кисела Вода. Тој бил пријавен во 1:20 часот по полноќ, а во гаснењето, според Скопската противпожарна служба, учествувале 30 пожарникари со 10 противпожарни возила.
Причините за пожарот сè уште не се познати. Според информациите, гореле стари и неисправни вагони.
-На 07.11.2024 во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“ во кој имало неисправни стари вагони и локомотиви. Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот, соопштија претходно од МВР.
Освен предизвикана материјална штета, нема информации за повредени лица.