Изгаснат пожарот што зафати казино во Ѓорче Петров

од Nikola Popovski
166 прегледи

Изгаснат е пожарот што попладнево изби во скопската населба Ѓорче Петров, при што зафатена беше кровната конструкција на едно казино.

Претходно, градоначалникот на општината Александар Стојкоски информираше дека нема човечки жртви во пожарот.

Не се работи за општински објект, туку за приватен, изјави Стојкоски.

Пожарот беше пријавен во МВР во 10 часот и 40 минути. Поради тоа, сообраќајот во овој дел од општината се одвиваше отежнато.