ИЗГОР цени за празничната трпеза

од Берта Китинска
533 прегледи

Премногу се високи цените на храната се жалат граѓаните во пресрет на Велигденските празници.

Раст на цената овие денови е забележана на јајцата зошто токму тие се најактуелани за Велигден, но поскапено е и месото.

На пазар состојбата е ваква:

10 јајца чинат од 97 до 109 денари , табла јајца се продава и по цена од 300 денари, додека јагнешкото месо ќе го платите околу 450 ден/кг.

-Точно е дека се скапи цените. Јагнешкото месо е прескапо. Прашав на неколку места, беше 450 денари. Зедов свинско месо бидејќи е поевтино од јагнешкото, вели скопајнецот Славчо Ѓоргиевски за “Локално“

Зеленчукот исто така е во ек на сезоната кога е најскап па така за килограм домати се плаќа од 100 до 160 денари, марулата може да се купи од 20 до 30 денари, краставиците од 70 до 100 денари, килограм зелка е 35 денари, додека пак малдиот компир чини 90 денари.

-Деновиве, забележувам дека цената на јајцата е повисока. Пред еден месец табла јајца можеше да се купи и за 110 денари, деновиве цените достигнуваат и до 300 денари, вели Андријана Христовска.

Зејтинот ќе се продава меѓу 2,20 – 2,40 евра

Министрите за економија и за земјоделство Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, изјавија дека за време на празниците ќе има доволно количини зејтин со цена далеку пониска од соседството.

– Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат резерви, изјави Горан Лазов, генералниот директор на фабриката „Кристал“ од Велес.

Храната ќе ја имаме, но народот може да биде гладен поради високите цени

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски информира дека храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени.

Растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло, пак, како што посочи директорот Бабовски, е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи, а во однос на влијанието на руско-украинската криза врз квалитетот и количините на храна, посочи дека увозот е под контрола.

Инаку, Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца.

-Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи на пазарот неможат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира узвозот на храна, преку мониторинг програма за секојдневна контрола, изјави Бабовски.

Слични содржини