Познатата кула Гете во Франкфурт изгоре во пожар што ја зафати рано утрово, покрај сите напори на противпожарната екипа.

Во 3.20 часот во четврток наутро, противпожарните сили биле повикани за интервенција на Гете кулата во Франкфурт на Мајна.
Но, додека пожарникарите стигнале на местото, пламените јазици ја изгореле 43 метри високата дрвена кула која служеше за разгледување на градот од височина. Пожарникарите само го обезбедиле местото, додека догори кулата, некој да не настрада.
По нејзиното отворање во 1931 година беше именувана по писателот, натуралист и академик Јохан Волфганг фон Гете.
Според портпаролот на пожарникарите, овече од 80 години старата кула се урнала од пожарот и не можела да биде спасена.
Не е познато дали пожарот настанал намерно или е предизвикан од електричен дефект.