Изгоре стан во Хром, пронајдено починато лице

од Nikola Popovski
544 прегледи

Едно лице загина во пожар, кој утринава избувнал во станбена зграда скопската населба Хром. На терен интервенирале три противпожарни возила.

-Пожарот бил во разгорена фаза. Во опожарениот стан е пронајдено и едно починато лице, информираа од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Бил запален стан на четврти кат од зградата на улицата „Исаија Маџовски“.

Причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.

-Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од полицијата.

Нема други повредени лица.

Слични содржини