280
Рано утринава било опожарено возилото на началникот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип Боби Гидиоски. Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило марка „ауди 5“, а пријавата стигнала од граѓанин во 03:01 часот.
Интервенирала екипа на Територијалната противпожарната едница-Штип, која не дозволила огнените јазици да ги зафатат останатите паркирани возила.
Во тек е увид, а истрагата треба да открие дали станува збор за намерно палење на возилото на началникот на СВР – Штип.