Изгореа два стана во зграда во Штип

од Берта Китинска
144 прегледи

Два стана се опожарени во пожарот што изби попладнево во зграда на улица „Широк дол“ во Штип.

Пожарникарите со маски и боци со кислород ги извлекуваа станарите од зградите.

Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка.

Пожарот го гаселе 16 пожарникари, причините за пожарот не се познати.