Во пожар што избил ноќеска во скопската населба Лисиче изгореле две куќи, а огнот се префрлил и на покривот на соседна куќа, па и тој е пеплосан, соопшти МВР.
„На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Ѓорѓе Андреевиќ-Кун во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57)“, стои во соопштението.