Изградбата на морскиот дел од „Турски поток“ ќе започне во втората половина на 2017 година

од Vladimir Zorba

Изградбата на морската делница на проектот за гасоводот „Турски поток“ ќе започне во втората половина на следната година, изјави денеска претседателот на „Газпром“ Алексеј Милер по преговорите во Москва меѓу турскиот и рускиот премиер, Бинали Јилдирим и Дмитриј Медведев.

images-30

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го потпиша законот за ратификување на договорот со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“. На тој начин Турција конечно го ратификува договорот.

Јилдирим вчера, пред да замине во официјална посета на Русија, истакна дека турскиот Парламент минатата недела го одобрил законот за ратификување на договорот, но сега се очекува рускиот Парламент да го направи истото.

Според проектот, гасоводот ќе минува по дното на Црно Море до европскиот дел на Турција и границата со Грција. Должината на морската делница ќе биде околу 910 километри, а на копнениот дел 180 километри. Вредноста на проектот изнесува 11,4 милијарди евра./МИА

Слични содржини