Изјава на Мендух Тачи, претседател на Демократската партија на Албанците

од desk4
  Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи гласаше во вториот круг од претседателските избори. Тој гласаше во објектот „Стара градинка“ во избирачкото место 1968/1.

-Верувам дека денес ќе имаме успешни избори. Очекувам граѓаните масовно да излезат да гласаат за еден важен процес како што се претседателски избори, но и многу поважна работа што значи дека ние денеска на крај ставаме печат на нашиот пат кон НАТО и Европска унија.

Слични содржини