Изјава на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев

од desk4

Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи: успешно избереме претседател на државата и секако да избереме претседател кој ќе не води напред, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица.

Повика сите да покажат сериозна зрелост ако демонстрираат демократичност во изборот.

-Ако изборите бидат успешни, ако го одржиме единството во нашата земја, силно чекориме напред кон современиот свет каде што припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Подвлече дека на изборите излегол како одговорен граѓанин и гласал. Смета дека секој ваков ден е убав и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин носат важни одлуки за својата земја.

-Гласањето е чест, право и граѓанска должност. Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат претседател на Република Северна Македонија, рече на крајот претседателот на владата и на владеачката партија, Зоран Заев во изјавата за медиумите по гласањето во Струмица.

Слични содржини