Изјавата на Коцевски на „Телма“ ја компромитирала акцијата на МВР поврзана со трагедијата во „Пулс“?

од Vladimir Zorba
312 прегледи

По налог на Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа спроведе акција за апсење на 7 полициски службеници, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

Додека траела акцијата, шефот на Јавното обвинителство, Љупчо Коцевски, во гостување на Телма, ја обелодени акцијата.

„Јавното обвинителство веќе има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, истакна државниот обвинител и додаде дека истрагата се проширува.

Медиумите блиски до власта, повикувајќи се на сигурни извори, велат дека акцијата штотуку почнала, па споделувањето на оваа информација можела да биде аларм за осомничените. МВР се уште трага по едно од седумте осомничени лица од полицијата, кое живее во Штип, па оттаму, според истите извори, Коцевски свесно ја компромитирал најновата акција на МВР.

Слични содржини