Сите политички партии и институции мора да им отворат пат на демократските процеси во Македонија, бидејќи тоа е избор на граѓаните, повика СДСМ.
„Слушна јавноста во Македонија од пратеник од европскиот парламент, кој беше дојден во Македонија заедно со еврокомесарот Хан, дека Никола Груевски бил решен да оди ‘до крај’ затоа што не сакал ‘да оди во затвор’. Ова е потврда од самиот Груевски на се што предупредуваме, дека тој исклучиво за лични интереси ја продлабочува политичата криза. Недозволиво е граѓаните и Република Македонија да бидат заложници на стравовите на Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.