Бебе старо 17 дена се опорави од новиот коронавирус во кинескиот град Вухан. Неговата мајка се заразила со опасниот вирус на крај од бременоста, пренесува Дејли Мејл.
Новороденчето е најмлад пациент кој се опоравил од коронавирус во Кина, известија државните медиуми. Бебето ја напуштила болницата во петокот, откако целосно се опоравило без помош од лекови.
Детето е префрлено во детската болница во Вухан истиот ден кога се родило. Откриено е дека има вирус набрзо потоа. Девојчето имала инфекција во респираторниот систем и помали оштетувања на миокардот, изјави доктор Зенг Лингконг.
Бидејќи нејзините симптоми не биле очигледни, лекарите одлучиле да не и даваат антибиотици и дозволиле сама да ја преброди болеста. Детето е пуштено од болница во петокот по три последователни испитувања на кои имала негативни резултати.
Доктор Зенг рекол дека бебето се опоравило од коронавирус, како и од сецевите проблеми.