Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ и во тешка состојба беше хоспитализирано со метален фрагмент во главата. Основното јавно обвинителство нареди обдукција на телото на детето.
И покрај борбата на лекарите, детето им подлегна на повредите. Повреденото дете во новогодишната ноќ беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје.
Од полицијата излегоа со официјалнo соопштение за трагичниот настан:
-На 01.01.2026 во 00:58 во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето.
Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.