Излегол на викенд-отсуство и ограбил стан во Кисела Вода

од Берта Китинска
278 прегледи

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода расчисти кривично дело „тешка кражба“ во обид во стан на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје сопственост на Ј.Д. од Скопје сторено на 15.05.2022.

По преземени мерки и активности и по извршено вештачење, на 14.09.2022 било утврдено дека сторител на делото е Н.Д.(35) од Скопје, кој е на издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а кој го сторил делото за време на викенд отсуство. Со него бил извршен службен разговор во затворот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини