Излекувани 230 лица од Ковид 19 во земјава

од Берта Китинска
105 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406,  бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

Слични содржини