На 18.04.2023 во 19.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на с.Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Струмица.