Се појави ново видео од апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако еден полицаец клечел на неговиот врат девет минути. 
На социјалните медиуми се појави видео од апсењето на Флојд и начинот на кој полицијата се справила со него на задното седиште на полицискиот автомобил.
Активистот Шон Кинг, кој го објави видеото, тврди дека полицијата го претепала Флојд во автомобилот.
„Сè полека доаѓа на свое место. Само што го добив новиот запис. Едниот чува стража, а другите го тепаат“, напишал тој.
https://www.instagram.com/p/CA1BObVnbqt/?utm_source=ig_embed
Службеникот Дерек Човин бил отпуштен од работа и против него е покрената кривична постапка, при што може да добие казна затвор од 25 години затвор.
Флојд почина по апсењето, што предизвика масовни протести во САД.