Излезност до 17 часот: 42,32% на претседателските и 46,93% на парламентарните избори

од Nikola Popovski
406 прегледи

Првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски информираше дека излезноста на парламентарните избори до 17 часот е 470.950 гласачи односно 46,93%, додека за претседателските избори гласале 452.412 гласачи односно 42,32% од вкупниот број. Обработени се 2040 избирачки места.

Според објавеното на последната прес-конференција на ДИК, најголема излезност на претседателските избори има во Новаци со 66,47%, а најмала излезност има во Липково со 6,48%. Споредбено со вториот круг на претседателските избори во 2019 година, има зголемување на излезноста од 7,19%, додека споредено со првиот круг од изборите во 2024 година, има зголемување од 0,01%.

Најголема излезност за парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73%, а најмала излезност има во Маврово-Ростуше со 22,93%.

Наредната прес-конференција на ДИК е закажана за во 19 часот и 30 минути.

Слични содржини