Правото на глас на денешните локални избори до 17 часот го искористиле 41,39 отсто, покажуваат последните информации на официјалната страница на Државната изборна комисија (ДИК).
Според обработени 72,42 отсто од гласачите, до 17 часот гласале 547.048 граѓани.
Право на глас на овие избори имаат 1 824 864 граѓани.
Од ДИК најавуваат и дека гласањето ќе биде продолжено по 19 часот во оние места каде што има ред за гласање како и каде што имаше прекини.