Излезноста до 13 часот е 24,87 отсто, најмалку гласаат во Сарај

од Vladimir Zorba

Излезноста на вториот круг од локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто, односно вкупно гласале 269.674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од првиот круг во овој период, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК, на прес-конференција.

Од општините каде има најмногу излезност, во Вевчени гласале 52,46 отсто, Ранковце (47,76%), Демир Капија (44,41%), Конче (42,65%) итн..

Најмала излезност има во Сарај, 9,74 отсто, додека во Шуто Оризари има 15,8 отсто излезност.

Слични содржини