208
Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски денеска информираше дека до 17 часот се пристигнати податоци за излезност на гласачите од 1787 избирачки места. На овие места гласале 397.612 избирачи односно 44,18%.
Според податоците за излезноста, најголема е забележана во Новаци од 67,19%, а најмала во Пласница од 15,5%.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезност за околу 9%.
-Гласањето се одвива без поголеми проблеми и во мирна и демократска атмосфера, појасни Даштевски.
Додаде дека има прекин на гласањето на три места во Куманово.