Излезноста на гласачките места до 9 часот е 3,30 проценти

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Според податоците од Државната изборна комисија излезноста на гласачките места до 9 часот е 3,30 проценти.

Гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено, истакна на прес претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.