
Изложба насловена „Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата „Фаберже““ денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид.
Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и современите тенденци на уметноста на украсување на јајца.
Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски јајца./Мета